Елван: Преговорите со „Твитер“ во Турција минаа во добра атмосфера

Од:

Турскиот министер за транспорт, поморство и информации Љутфи Елван денеска изјави дека преговорите со одговорните претставници на „Твитер“ во Турција минале во добра атмосфера и бил забележан „конкретен“ напредок за серија прашања, објави турскиот весник „Сабах“.

Претставниците на американската компанија, меѓу кои, и потпретседателот Колин Кроуел, изминатава недела во Анкара разговараа со одговорните службеници од Министерскиот совет, а потоа имаа средби и во Советот за информатички технологии и Дирекцијата за телекомуникации.

Елван денеска посочи дека за време на разговорите било зафатено и прашањето за отворање на претставништво на „Твитер“ во Турција, но претставниците на компанијата посочиле дека не можат веднаш да донесат одлука за тоа прашање.

Претставниците на „Твитер“ вчера соопштија дека го отфриле барањето на турските власти за отворање на претставништво во Турција, истакнувајќи дека „инвестициската клима“ во земјата не е поволна за тоа.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски