Бомба експлодира рано изутринава во ресторан за брза храна во елитната атинска населба Колонаки, јавија грчките медиуми.
Се претпоставува дека експлозивната направа била фрлена од лице на мотоцикл во движење.
Експлозијата предизвикала материјална штета и на околните објекти. Полицијата веднаш започна истрага за инцидентот.