Експлозија во фабрика во Бугарија, најмалку 15 загинати

Од:

Во фабрика за производство на експлозив за цивилна употреба, која што се наоѓа на околу 120 километри северно од Софија се случи експлозија, во која се претпоставува дека загинале 15 лица, а три се повредени, соопштија официјални лица.

Експлозијата се случила доцна синоќа во село Горни Лом, во фабриката во која покрај производство на експлозив, се работело и на уништување на оружје и експлозив повлечен од употреба.

Полицијата соопшти дека по првата силана експлозија, имало цела серија помали експлозии, кои траеле неколку часа.

Шефот на цивилната одбрана Николај Николов изјави дека поради страв од нови експлозии, спасувачите ќе може да го пребаруваат местото на несреќата, дури по 24 часа, кога ќе се знае и точниот број на загинатите.

Причина за несреќата во фабриката која што е во приватна сопственост се уште не е позната.

 

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори