Експлодира бомба пред канцелариите на „Златна зора“ во Пиреја

Од:

Мала бомба експлодира пред локалната канцеларија на грчката крајнодесничарска партија „Златна зора“ во Пиреја, соопшти БТА.

Нема повредени во експлзијата, што предизвика лесни оштетувања врз зградата во која се канцелариите на партијата.

Во моментот на атентатот, во 21.00 часот по локално време, во седумкатната зграда немало никој.

Ова е втор ваков напад за два дена врз „Златна зора“, партија која минатата година влезе во парламентот јавајќи врз бранот антиимигрантски чувства во земјата зафатена од сериозни економски проблеми.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Претходно вчера анархистичка група, што се нарекува „Гневна бригада“, ја презеде одговорноста за сличната експлозија од претходниот ден во градот Лариса. Во нападот немаше настрадани.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески