Екс грчки министер преку оглас бара работа

Од:

Поранешниот грчки министер за внатрешни работи и некогашен пратеник од конзервативната Нова демократија им го нуди на евентуалните работодавачи своето политичко искуство во „услови на економска криза“ во огласот за вработување што го постави на социјалните мрежи.

Огласот и профилот Аргирос Динопулос, поранешен новинар и воен известувач кој од 2000 година започна да се занимава со политика, се појави на интернет страницата „devnetjobs.com“, специјализирана за вработување на експерти за меѓународен развој, пренесе Макфакс.

„Поранешен министер со 13-годишно искуство во време на економската криза во Грција, со 15-годишно искуство на меѓународен новинар, бара работа. На располагање веднаш“, се наведува во огласот.

Динопулос објаснува дека занимавањето со политика му овозможило „поширок увид во општеството, од времето на благосостојбата (Олимпијадата 2004-та) до длабоката хуманитарна и економска криза“, како и дека ги „усовршил“ своите вештини за управување со криза „во периодот на тешките економски и општествени промени“.

Градоначалник на место во околината на Атина, седум години пратеник на десноцентристичката Нова демократија и неколку месеци во 2014 година министер за внатрешни работи во коалицијата со социјалистите од Пасок, Динопулос себе се опишува како политичар кој добро се снаоѓа во јавните соочувања и не се либи да го подигне гласот и да влезе во кавга со соговорниците.

Поранешниот парламентарец на својот акаунт на Twitter ги коментираше реакциите на огласот, велејќи дека секој „чесен политичар, доколку не е избран, мора нешто да работи“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески