ЕК: Процесот на проширување важен за стабилноста на Западен Балкан и Турција

Од:

Европската комисија во годишните извештаи, кои беа усвоени денеска дава оценки за тоа колку земјите од Западен Балкан и Турција се подготвени за исполнување на барањата за членство во Европската унија и посочува што е неопходно да се стори за надминување на останатите предизвици.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан при претставувањето на годишниот пакет документи изјави дека актуелната бегалска криза покажува колку е важна тесната соработка меѓу ЕУ и земјите од Југоисточна Европа, javi BTA.

– Процесот на проширување на ЕУ, кој ги опфаќа Западен Балкан и Турција е моќно средство за зацврстување на принципот на правната држава и почитување на човековите права во тие земји. Освен тоа тој процес ја стимулира изградбата на посилна економија и ја зајакнува регионалната соработка. Постоењето на јасна европска перспектива постепено ги трансформира државите, кои се наши партнери и ја зајакнува стабилноста во регионот околу ЕУ, нагласи Хан.

Во општите заклучоците за целиот регион се наведува дека главен предизвик во моментов е бегалската криза.

– Регионот беше тешко погоден од бегалската криза. Турција им даде значителна поддршка на повеќе од два милиона сириски бегалци, кои се наоѓаат на нејзина територија, се вели во документот.

Во него се додава дека од почетокот на годината преку регионот на Западен Балкан и особено преку Македонија и Србија минале голем број граѓани на трети земји.

ЕК нагласува дека миграцијата е причина за поактивна соработка со земјите, опфатени од проширувањето, при што ЕУ претставува значителна поддршка за таа цел.

Комисијата во стратегијата поврзана со проширувањето става акцент на главните принципи во процесот на членство.

Како клучни приоритети се посочуваат основните прашања од областите на правната држава, основите човекови права, зајакнувањето на демократските институции, во таа смисла и реформа на државната администрација, како и економскиот развој и зголемување на конкуретноста.

ЕК забележува напредок, особено при усвојувањето на неопходното законодавство и создавање на потребните административни структури.

Комисијата ќе продолжи да ги насочува своите напори кон тоа земјите да ги определат приоритетите за спроведување на реформите во клучните области и да постигнуваат резултати во тоа.

ЕК заклучува дека и покрај напредокот кој е постигнат последната година, регионот и натаму се соочува со сериозни предизвици.

– Во врска со принципите на правната држава, судските системи не се доволно независни, ефикасни и одговорни. Потребни се сериозни напори во борбата против организираниот криминал и корупцијата, специјално за постигнување резултати при истрагата, кривично гонење и конечна пресуда. Основите права се содржани во законодавствата, но има недостиг на нивно почитување во пракса, нагласува ЕК.

Комисијата напоменува дека гарантирањето на слободата на изразувањето претставува голем предизвик, при што во многу земји развојот во таа сфера оди во негативна насока.

– Неопходно е да продолжат реформите во јавната администрација, да се обезбеди потребниот административен капацитет и да се реши прашање со силно политизирање и недостиг на транспарентност, истакна ЕК.

Во документот се посочува дека е потребно внимание да се посвети и на фунционирањето на демократските институции.

Повеќето земји, според ЕК се соочени со сериозни предизвици во однос на економското управување и конкурентноста.

Комисијата става осебен акцент на регионалната соработка, како и на стимулирањето на региониалниот економски развој. – Во таа област беше постигнат суштински напредок, поконкретно со посредство на Берлинскиот процес и Групата од шестте земји од Западен Балкан, додаде ЕК.

Комисијата исто така ја потенцира и потребата од добрососедски односи и од решавање на билатералните спорови.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски