ЕК препорача безвизен режим за Грузија и Украина, а Косово доби осум бенчмаркови

Од:

Европската комисија денеска соопшти дека Грузија и Украина ги исполнуваат сите критериуми за покренување на безвизен режим со Европската унија, што Комисијата на почетокот на идната година и официјално ќе им го препорача на Европскиот совет и на Европскито парламент, јави дописникот на МИА од Брисел.

Тоа значи дека Грузијците и Украинците, најрано од септември идната година ќе може да патуваат без визи во која било од земјите во рамки на Шенген-зоната. Што се однесува до Косово, остануваат уште осум „бенчмаркови” или задачи за ЕК да предложи и за граѓаните на оваа новоформирана држава на европскиот континент да може без визи да патуваат во земјите-членки на Шенген-зоната.

– Ова е одлука и позциија на Комисијата и не може да говориме за другите институции како Советот и Европарламентот, кои треба да ја усвојата одлуката, по што остануваат максимум три месеци за истата да стапи во сила. Но, верувам дека и тие ќе го прифатат тоа што го одлучи ЕК, порача денеска еврокомесарот за миграциски прашања и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос.

Во денешниот последен извештај на Еврокомисијата за напредокот на Грузија, утврдени се четири клучни приоритети за кои ќе мора да се фокусира во останатиот период на дијалогот за визна либерализација. Тоа се пренесување на доволен број на судии за сериозен криминал во посебни оддели на судовите, градење на евиденција за истрагите, судски пресуди и конфискации во сериозните случаи на организиран криминал и корупција, обезбедување на оперативната независност на телото за Преглед на јавните набавки и јавните набавки на Регулаторната комисија, како и знак дека законодавството за промена на името е имплементирано.

Комисијата, исто така, ќе го следи напредокот во ратификацијата на договорот за границата на Косово со Црна Гора, пред да биде укината визната бариера за косовските граѓани, исплатата на Фондот за реинтеграција, решавање на причините за високата стапка на баратели на азил и обезбедување на соодветни простории за Народниот правобранител.

– Нашите косовски пријатели не треба да се разочарани, бидејќи Косово оствари голем прогрес и има уште осум “бенчмаркови” да се исполнат и ние сме тука да им помогнеме. Токму затоа, рано во 2016 година ќе го посетам Косово за да разговараме што ние можеме да понудиме за да и помогнеме на земјата, посочи комесарот Аврамопулос.
Првиот човек за миграциски прашања и внатрешни работи на неформалната Влада на ЕУ, додаде дека Косово ќе треба да ги исполни сите критериуми што претходно ги исполнија останатите земји од Западниот Балкан што добија безвизен режим со Унијата за да може и Косовците да уживаат во оваа привилегија.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски