ЕК нуди две милијарди евра за Грција

Од:

Европската комисија и доставила на располагање на Грција „две милијарди евра за 2015 година“ од неискористени европски фондови. Тоа го изјави денеска претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.

– Тие фондови нема да ја пополнат касата на грчката држава, но ќе може да бидат искористени за да ги поддржат напорите во поддршка на растот и социјалното единство, најмногу како одговор на масовниот проблем со невработеноста на младите, нагласи Јункер.

Тој додаде дека финансиската ситуација во држави од ЕУ целосно се стабилизирала по кризата и сега е време да се искористи добрата динамика на извршувањето структурни реформи.

За Грција, според претседателот на Советот, Доналд Туск државите членки се договориле да го „забрзаат процесот на реформи во државата“. Списокот на тие реформи треба конечно да биде конкретизиран во април за да може Атина да ги добие средствата кои се останати од втората меѓународна програма за финансиска помош.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески