ЕК: Косово продолжува да напредува кон ЕУ, но е на самиот почеток

Од:

Косово продолжува со напредокот на патот кон Европската унија, ги почитува клучните меѓународни ангажмани, но сепак е на самиот почеток, се наведува во годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата кон членството во ЕУ.

Како позитивни чекори на косовските власти се оценуваат оспособувањето на структурите за спроведување истраги за случаите на трговија со човечки органи.

Во извештајот се поздравуваат чекорите за подобрување на односите со Србија и решавање на прашањата, кои се од взаемен интерес.

Упатен е повик за брзо обновување на работата на косовскиот Парламент.

Се забележува дека многу независни институции и регулаторни органи во земјата не работат и упатен е повик кон Владата и Парламентот да сторат се што е во нивна надлежност за да ја променат оваа состојба.

ЕК нагласува дека косовската администрација има потреба од повеќе транспарентност, ефикасност и професионализам. Властите во Приштина се повикани повеќе да се раководат од јавното мислење, а ЕК постави барање за поголема транспарентност и контрола во трошењето на буџетските средства.

Во извештајот се наведува оти е забележан недостиг на транспарентност и во правосудниот систем.

Се препорачува јакнење на борбата против корупцијата во највисоките нивоа на власта.

– Обемот на организираниот криминал е причина за голема загриженост, државните медиуми и натаму се под големо политички влијание, а земјата е на сосема почетната фаза од патот кон ЕУ, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски