ЕК: Грција може да пополни дел од финансиската дупка

Од:

Грција може да пополни дел од финансиската дупка без помош од надвор пред вториот пакет за помош благодарение на владините мерки, се истакнува во извештајот на Европската комисија.

Според вториот план за помош Грција треба до март 2015 година да се справи со недостигот на финансирање од 7,5 милијарди евра.

– Покрај очекуваните средства од кредиторите Европска унија и Меѓународниот монетарен фонд, Грција ќе има потреба до крајот на август од околу две милијарди евра и потоа од 5,5 милијарди евра до крајот на мај 2015 година. За пополнување на финансиската дупка грчката држава био можела да смета на купување од страна на банките на преференцијални акции, емитувани од самиот почеток на кризата, за им помогне да се рекапитализираат, се посочува во извештајот на ЕК.

ЕК наведува дека Атина може да ги анулира долговите со државните обврзници издадени за поддршка на малите и средни претпријатија, но се неискористени. Покрај тоа Грција може да добие средства и од неискористените фондови на администрацијата.

Како дел од меѓународната програма за спас на Грција треба да го сведе долгот на 124 проценти во 2020 година и „значително“ под 110 отсто во 2022 година. Се очекува долгот да достигне околу 125 проценти од бруто домашниот производ во 2020 година и 112 отсто во 2022 година, откако годинава се искачи на 177,2 проценти.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески