Единаесет години од протестот на социјалистите во Тирана во кој беа убиени четири лица

Од:

Денеска се навршуваат 11 години од протестот организиран од Социјалистичката партија, тогаш во опозиција, на плоштадот „Народни херои“, кога настанот излезе од контрола и притоа беа убиени четири лица.

Како и секоја година и овој пат премиерот Еди Рама заедно со семејствата на жртвите го одбележаа овој трагичниот настан, положувајќи каранфили на местото на убиството.

Роднините кои 11 години бараат правда искажаа надеж дека „неа ќе ја земе во свои раце Специјалното јавно обвинителство, СПАК“.

-Ја чекаме интервенцијата на новиот правосуден орган кој не потклекнува пред политичка и морална корупција. Убедени сме дека предметот ќе биде предаден на СПАК. До сега не е расветлен, но никогаш не е доцна за правда, велат тие.

Рама по оддавањето почит, не даде изјава, но кусо искоментира на социјалните мрежи.

„Со убедување дека правдата доцни, но не заборава. Конечно позитивни знаци на дејствување на новата правда. Денеска им оддаваме почит на четворицата мирни демонстранти од 21 јануари, чие варварско убиство бара правда“, напиша Рама.

Во времето кога се случија крвавите демонстрации владата ја сочинуваа сега опозициските Демократската партија и Движењето за социјалистичка интеграција, премиер беше Сали Бериша, додека министер за внатрешни работи Љуљзим Баша.

Сè почна околу 14 часот, кога демонстрантите пешки го минаа патот од плоштадот „Скендер бег“ до пред владата. Толпата почна да извикува против тогашниот премиер Бериша, а само неколку минути подоцна почна да фрла со камења и тврди предмети кон полицијата.

Ситуацијата стана тензична кога демонстрантите се обидоа насилно да влезат во дворот на владата, за чија безбедност беа ангажирани полицијата и припадниците на Националната гарда. За момент се слушнаа истрели од кои загинаа Хекуран Деда, Зивер Веизи, Фаик Миртај и Алекс Никај.

Тогаш социјалистите ги обвинија Бериша и Баша дека се „нарачатели на убиствата“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија