Еди Рама: Тоа беше претстава на насилство и расизам

Од:

Албанскиот премиер, Еди Рама изјави дека она што се случи на стадионот на Партизан, во тек на натпреварот помеѓу репрезентациите на Србија и Албанија е претстава на насилство и расизам.

-Фудбалот не може да биде инструмент на политика- рече тој и додаде дека такви инциденти не може да се случат во Албанија, бидејќи Албанците и Албанија се „напредок за регионот“.

Албанскиот премиер исто така истакна дека е горд на фудбалерите од репрезентацијата на неговата држава, поради тоа што биле супериорни во играта, но и во можностите за погодок.

Инаку тој ги негира тврдењата дека неговиот брат е вмешан во инцидентот со дронот, кој во тек на натпреварот го развеа знамето на Голема Албанија над стадионот на Партизан во Белград.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски