Џејкобсон: Не се мешав во коалицискиот договор за косовската Влада

Од:

Амбасадорката на САД во Приштина, Трејси Ен Џејкобсон изјави дека не се мешала во коалицискиот договор постигнат меѓу Демократскиот сојуз на Косово  и Демократската партија на Косово.

Џејкобсон во интервју за приштинскиот весник „Зери“ истакна дека била само набљудувач, негирајќи дека била против Самоопределување да биде дел од косовската Влада.

– Никогаш не кажав дека Самоопределување не треба да биде дело од Владата на Косово. Луѓето повремено ми препишуваат такви работи, но тоа апсолутно не е вистина, посочи Џејкобсон.

Таа наведе и дека јавниот сектор во Косово е најкорумпиран  и оти треба да се делегираат кредибилни луѓе.

Американската амбасадорка за истакна и дека во 2014 година верскиот екстремизам во земјата бил во центарот на вниманието и оти ќе има примат и идната година.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски