ДВЕРИ се изјасни за укинување на автономијата на Војводина

Од:

Српското националистичко движење „Двери“ во Нови Сад се заложи за укинување на автономијата на областа Војводина, бидејќи на тој начин ќе се укине и сепаратизмот во неа, пренесе Танјуг.

Еден од основачите на „Двери“ и член на раководството на движењето, Бошко Обрадовиќ, изјави дека „Двери“ ја иницирале најзначајната политичка идеја во Србија во последните дваесет години, а тоа е укинување на, според него, политички непотребната и економски неизвесната автономија на Војводина.

– Со укинување на автономијата ќе се укине и секој вид сепаратизам на оваа територија, рече Обрадовиќ.

Тој додаде дека во суштина кампањата за укинување на автономијата на Војводина е во тоа „секој Србин, кога наутро ќе се разбуди, да не се двоуми дали е Србин е или Војвоѓанец, затоа што Војвоѓани нема и никогаш нема да има“.

Обрадовиќ уште изјави дека во Србија се создава голем патриотски блок, кој се противи на присоединувањето на Србија кон ЕУ и кој е составен од Демократската партија на Србија, Српската радикална партија, „Двери“ и други патриотски движења.

Тој ги повика членовите на овој блок да се изјаснат и за укинување на автономијата на Војводина.

Би можело да ве интересира

Мажот четири пати изгубил свест, лицето на сопругата згмечено: Крваво претепување на брачна двојка во белградска кафеана

ВИДЕО: Страотен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден мртов над 30 повредени

Катерина Ѓуровски

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски