Двајца повредени, 10 уапсени при судири меѓу земјоделци и полиција во Грција

Од:

Грчки земјоделци се судрија денеска со полицијата на автопатот Атина-Ламија.

Земјоделци од селото Антили, кое се наоѓа во близина на градот Ламија во централниот дел на Грција, се обиделе да го блокираат сообраќајот на автопатот. Нивните дејства биле спречени од полициски единици, по што штрајкувачите почнале да фрлаат со камења, прва и портокали, а полицијата одговорила со гас.

Според локалните медиуми, во судирите биле повредени началникот на полицијата и еден земјоделец, а уапсени се 10 лица.

Земјоделците протестираат веќе трета недела. Прифатениот пакет мерки од страна на Владата за задоволување на дел од нивните барања не беше одобрен од земјоделците.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески