Двајца мажи хоспитализирани во Загреб поради сомнение за коронавирус

Од:

Во загрпската инфективна болница примени се двајца мажи поради сомнение дека се инфицирани од новиот коронавирус, соопшти денеска хрватскиот министер за здравство Вили Берош.

Тој рече дека тие засега немаат сериозни здравствени проблеми, а дали се заразени со коронавирус ќе се знае по прегледите и тестирањата.

Берош појасни дека едниот човек бил во Кина изминатиот месец, каде имал сирусно воспаление, по што оздравел. Но по враќањето во Хрватска почнал повторно да кашла. Другиот е Кинез кој дошол од Белгија, чија мајка била во Кина. Таа е здрава, а тој има некаква вироза.

– Нивните сиптоми не мора ништо да значат, но теоретски се е можно. Не треба да се крева паника, порача хрватскиот министер.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски