Ноќеска околу 3.30 часот се застрелани две лица од Северна Македонија. Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом во Касандра. Еден од двајцата, 39-годишен маж починал, додека неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со тешки повреди во болницата Полигирос, јавуваат грчките медиуми.
Според очевидци, двајца непознати лица со качулки на мотор се приближиле до изнајмената соба во која престојувале и пукале во нив.