Државното раководство на Србија ги повика Србите на Косово да учествуваат на локалните избори

Од:

Државното раководство на Србија ги повика денеска Србите на Косово да учествуваат на локалните избори на 3 ноември порачувајќи им дека „учеството во неутрални, во однос на статусот, избори е најдобриот начин да се борат за српските државни и национални интереси во јужната област“.

Претставници на косовските Срби изјавија дека конечната одлука ќе ја објават наредните денови.

Марко Ѓуриќ, советник на српскиот претседател, изјави пред новинарите по тричасовната средба со претставници на косовските Срби дека независно каква одлука ќе донесат Србите, државата ќе остане до народот во Косово.

Претседателот на Српскиот национален совет Милан Ивановиќ одби да одговори дали Србите ќе ги бојкотираат или ќе учествуваат на изборите, но истакна дека се стреми кон постигнување на заедничка позиција и согласност.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски