Договорот Србија – Косово добар за сите на Балканот, САД не поддржуваат етнички чисти држави

Од:

Договорот меѓу Србија и Косово за статусот на северот на Косово ќе биде тежок за имплементирање, но ќе овозможи јасна правна основа, и треба да стави точка на дискусиите за размена на територии меѓу Србија и Косово, како и на заканата од дестабилизација на соседните држави, вклучително и Македонија оцени балканскиот експерт професор Даниел Сервер на вчерашната дискусија во Конгресот на САД.

Сервер, заедно со повеќе познавачи и активисти за Балканот, за договорот меѓу Србија и Косово говореше пред Поткомитетот за европски прашања на Комитетот за надворешни односи на Претставничкиот дом на САД.

– Србија и Косово направија важен чекор кон нормализирање на нивните односи, но има уште работа до евентуалното меѓусебно признавање и размената на амбасадори. Доколку тоа не се случи, ниту Србија ни Косово нема да може да влезе во Европската Унија, а двете може да се подготвуваат за идни конфронтации. Договорот би требало да стави точка на идеите за размена на територии меѓу Србија и Косово, што е лоша идеја која се закануваше да ги дестабилизира Босна и Херцеговина, Македонија, па дури и самата Србија, изјави Сервер.

Според професорот Сервер, прашањето на промена на границите како начин на решавање на спорот меѓу Србија и Косово, можело негативно да се одрази врз балканските држави како Македонија и Црна Гора, кои се функционални и покрај тоа што се етнички хетерогени.

Џонатан Мур, директор на канцеларијата за јужно-централни европски прашања во американскиот Стејт департмент, изјави дека САД го поздравуваат договорот, кој отвора можност за европските интеграции. Мур воедно подвлече дека САД се против територијалните промени со цел да се направат етнички хомогени држави.

– Ние мислиме дека етничките и човековите права на државите не се гарантираат со тоа што државите ги правиме етнички чисти. Со овој договор гледаме голем потенцијал во иднината на Србија и Косово за нивната евроатлантска иднина, во НАТО и во ЕУ, изјави Мур, додавајќи дека одлуката дали бара членство во НАТО треба да ја донесе самата Србија. “Ние секако би ја поддржале Србија во таа аспирација”.

Обрад Кесиќ, претседател на Српскиот институт во Вашингтон, пак, ја образложи идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово, која повремено е застапувана и од српската Влада. Оваа идеја би подразбирала делот од северно Косово кој е населен главно со Срби, да стане дел од Србија, додека српската општина Прешево која е мнозински албанска, би се споила со Косово.

Друго прашање отворено на дискусијата во американскиот Претставнички дом е можноста, доколку Србија бргу напредува кон членството во Европската Унија, потоа да ја користи својата позиција за да ги блокира натамошните интеграции на Косово.

Според Кесиќ, сепак, ако се земе дека на Хрватска и биле потребни десетина години да се интегрира во ЕУ, тогаш Србија може да се соочи со уште подолг период додека да стане членка.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски