Договорот од Преспа и понатаму предмет на препукувања меѓу власта и опозицијата во Грција

Од:

По упатените меѓусебни критики во грчкиот Парламент меѓу Алекис Ципрас и Кирјакос Мицотакис за Договорот од Преспа за време на расправата за буџетот во вторникот, препукувањата на релација влада – опозиција се префрлија на ниво на соопштенија од двете страни.

Грчки владини извори коментираа дека „по поднесените амандмани од Албанци пратеници во ПЈРМ, она што и онака е предвидено во Договорот од Преспа“ дека државјанството не ја определува ниту пак ја прејудицира етничката припадност на граѓаните, паѓа во вода и последниот аргумент на Мицотакис и додаваат претседателот на Нова демократија и лидерката на Движење на промена, Фофи Генимата, ставот за „наводно признавање на македонска националност“, го користеле како изговор за да не го поддржат договорот, бидејќи не се грижат за националните интереси.

Од Нова демократија коментираат дека „владините извори во недостиг на идеи, бараат спас дури и во албанското малцинство во Скопје за да го разубават Договорот од Преспа“.

-За жал злото е веќе направено и никаков амандман не може да го смени она што го потпишаа господата Ципрас, Каменос и Коѕијас. Ако можеше, тогаш господинот Заев и неговите сограѓани, скопјаните немаше да слават дека веќе им се признаени наводните македонска националност и јазик. За оние кои имаат и најмал сомнеж дека Договорот од Преспа го зајакнува скопскиот иредентизам, нека ја погледнат преамбулата на скопскиот Устав и членот 36 во кој се споменува дури и „македонска“ држава, соопштуваат од Нова демократија.

На ова, реагираа од кабинетот на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, коментирајќи дека Мицотакис на секој можен начин ја брани екстремно десничарската линија на одредени членови на партијата.

– Перспективата, самиот нов Устав на ПЈРМ да го појаснува она што го предвидува Договорот од Преспа, односно дека не одредува етничка припадност, туку државјанство за граѓаните, е второ најголемо поништување на опозициската нарација на Нова демократија, по она за некратењето на пензиите. Господинот Мицотакис остана без аргументи и му останаа слоганите. А тие, позајмени од Златна зора, коментираат од кабинетот на грчкиот премиер, пренесе МИА.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Предраг Петровиќ