Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека Европа, каква што е сега, ги изгубила сите вредности, нема иднина и тешко може да се спаси со оваа елита.

Додик изјави дека Европа, која сакаше да го промовира концептот на европските вредности, ги изгубила токму нив. „Ако сака да ја опструира демократијата, да намести избори, да ја злоупотреби правдата, ако е подготвена да ни испрати странец кого никој не го именува и кој не стои зад него, тогаш оваа Европа нема иднина“, рече Додик во интервју за руската агенција Тасс, пренесува Срна.

Додик, исто така, повтори дека Европа нема лидери, дека шефовите на одделни земји се борат да ги водат своите земји.

„Никој не се позиционираше како врховен лидер во оваа ситуација. Се очекува нов лидер да биде новиот германски канцелар, но самата Германија има многу проблеми и тешко дека би можела да се занимава исклучиво со европските прашања“, оцени Додик.

Би можело да ве интересира

IISS предупредува: Расте ризикот од руски саботажи во Европа, следниот напад може да има многу жртви

ВИДЕО: Синот на Милорад Додик нов премиер на Република Српска

Катерина Ѓуровски

Здравствен аларм во Европа: Опасна супербактерија се шири низ болниците

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Додик: Република Српска е подготвена да биде партнер на сите, но никому слуга