Додик положи заклетва

Од:

Новоизбраниот претседател на Република Српска, Милорад Додик денеска положи заклетва во Народното собрание на Република Српска.

Тој истакна дека е горд на победата и им се заблагодари на граѓаните за поддршката.

Додик исто така наведе дека во наредниот период клучна политика ќе биде борбата за стабилност и мир

Го користам овој ден да ги поканам сите да не прифатат како партнери за прашањата важни за РС, посочи Додик.

Заклетва положија и потпретседателите на РС, Хрватот, Давор Прањиќ и Бошњакот, Ќамил Дураковиќ.

Претходно, новоизбраната српска членка во Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, положи заклетва во Парламентот.

Цвијановиќ утре ќе положи заклетва и во Претседателството на БиХ, каде избрани се и Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.

Би можело да ве интересира

САД: Република Српска тргнува по опасен пат

Катерина Павлова-Николовска

Република Српска официјално ги прекина сите контакти со американската и британската амбасада во Босна

(ВИДЕО) Уапсен екс министер во владата на Република Српска: Им ги дупнал гумите на автомобилите на соседите

Ана Ололовска

Додик за „Заедницата на српски општини“ во Косово: Еден ден тоа ќе биде Република Српска

Ана Ололовска

Се излеа реката Дрина, поплавени земјоделски површини и градска плажа

Ана Ололовска

Избрана новата влада на Република Српска