Додик на 20 септември на средба со Путин во Москва

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, на 20 септември во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Бета.

– Тоа е потврда за добрите односи во континуитет. Засега се знае дека теми на разговор ќе бидат политичките и економските односи, изјави за агенцијата Срна Душко Перовиќ, шеф на Претставништвото на Република Српска во Москва.

Перовиќ потврди дека средбата на Додик со Путин ќе се одржи на 20 септември, наведувајќи дека рускиот претседател „секогаш се залагал за строго почитување на Дејтонскиот договор“.

Средбата на Додик со Путин ќе се одржи 12 дена пред општите избори во БиХ, на кои тој е кандидат за претседател на Република Српска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик: Односите меѓу Бања Лука и Сараево се можеби на најлошо ниво

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

Путин потпиша указ за состав на новата влада на Руската Федерација

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

Путин оди во посета на Кина