Додик ги донесе проруските моторџии Ноќни волци во Сараево по повод Денот на РС

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги донесе Ноќните волци на свечената поворка во Источно Сараево, по повод неуставното одбележување на Денот на РС, пренесува Кликс. Станува збор за проруски моторџии.

На свеченото дефиле, прошетаа припадници на Министерството за внатрешни работи на РС, а покрај нив имаше и граѓански здруженија, пожарникари, претставници на здравствени установи и планинарски друштва.

Во поворката беа вклучени Ноќните волци, моторџии кои некои медиуми ги нарекуваат „браќата на Путин“. Водач на Ноќните волци е Александар Залдостанов, миленик на рускиот претседател Владимир Путин.

Кликс потсетува дека на членовите на „Ноќните волци“ им беше забранет влез во Босна и Херцеговина во 2018 година бидејќи беа означени како безбедносна закана. И покрај тоа, тие секоја година ја посетуваат БиХ.

Фото: klix.ba

Би можело да ве интересира

Додик: Источно Сараево е нашата стратешка област

Додик му порача на Сараево: Екстрадирајте го Шмит во Српска и ќе ја решиме кризата во БиХ

ВИДЕО: СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Предраг Петровиќ

Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Додик: Владата е стабилна, Република Српска не е безбедносно загрозена