Додик му порача на Сараево: Екстрадирајте го Шмит во Српска и ќе ја решиме кризата во БиХ

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска во источно Сараево изјави дека е можно решение на ситуацијата во БиХ доколку Федерацијата БиХ го екстрадира Кристијан Шмит за да може Српска да се справи со него, да го гони и да го затвори за лажно претставување и обид за укинување на БиХ.

– Би биле среќни да го направиме тоа. Доколку се појави на територијата на Република Српска и за тоа сме доволно информирани, ќе го уапсиме и неговите поддржувачи кои го охрабруваат нема да му помогнат, посочи Додик.

Тој наведе дека дел од решението е Шмит и неговите одлуки да одат, а Република Српска ќе го прекине спроведувањето на актите кои беа реакција на нив и ќе тргне кон договор за евентуална БиХ.

„Само можна БиХ може да биде успешна, наметната БиХ нема и не може да биде успешна. Наметнувањето на приказната за БиХ на целата Република Српска или нејзината мнозинска политичка волја е илузија“, им рече Додик на новинарите во Источно Сараево, пренесе Срна.

Би можело да ве интересира

Додик: Република Српска е подготвена да биде партнер на сите, но никому слуга

Додик го утна терминот, стигна во Америка точно за поразот на Трамп

Катерина Ѓуровски

Додик: Врските меѓу Србија и Српска нема да бидат прекинати од оние кои сакаат Србите да се откажат од сопствениот народ

Француски медиум: Милорад Додик планира патување во Вашингтон, ќе се сретне со лобистите ангажирани од РС

Предраг Петровиќ

Додик: Србите не се добредојдени во Сараево

Горан Наумовски

Додик: Дејтон е урнат, останаа само урнатините