Додик: Ердоган разбира

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ја разбира ситуацијата во БиХ.

Тој вели дека е благодарен нему и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за неговата посветеност за почитување на Дејтонскиот договор, како и за поддршката за воспоставување дијалог меѓу конститутивните народи.

Тој нагласи дека дијалогот е единственото решение за надминување на сите проблеми во БиХ.

„Ердоган е голем државник, неговиот став за ситуацијата во БиХ е да не пристапува селективно кон поддршката на Бошњаците, и можеме да очекуваме повеќе симпатии од таа страна, но ставовите се искажани се дека ситуацијата е разбрана, како и другите народи и ентитети. Потребно е да се зачува Дејтонскиот договор, без оглед на некои недостатоци. Неопходно е да се зачува дијалогот и договорот меѓу трите народи во БиХ. Благодарен сум на Вучиќ и на Ердоган“, посочи Додик.

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Додик: Приказната за рушењето на уставниот поредок е цинична

А1он

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски