Додека Русија ослабува, Турција станува се понападна

Од:

Стратфор – Вашингтон

Односите меѓу Турција и Русија значително се менуваат. Локалната економска криза, ниските цени на енергенсите и напорите за европска енерегетска диверзификација, ја ослабеа Русија. Освен тоа, Москва е силно ангажирана во продолжената криза во Украина – која се наоѓа точно меѓу Турција од другата страна на Црното Море.

Ослабените позиции на Русија и проблемите во Украина направија турските лидери да бидат многу поактивни во регионот и тоа го смени приодот кон нивинте руски колеги. Тој нов развој на нештата би можел на крајот да ја принуди Турција да ги прифати порешително односите кон руските дејства на Кавказ и на Црното море. Турција би можела исто така да игра улога во формирањето на сојуз во Централна и Источна Европа под лидерство на САД.

Русија и Турција се распространети на двата брега на Црното Море. Од географска гледна точка, тоа ги прави историски соперници. Руската Империја и претходничката на Турција – Отоманската Империја, се сопернички за контрола и влијание по бреговите на Крим и на Кавказ, и воделе вкупно 12 војни во текот на четврт век. Во 1952 година, Турција се приклучи кон НАТО и заради контролата врз Босфорот стана важен дел од западниот сојуз за време на Студената војна, овозожувајќи и на земјата да го спречи достапот на СССР до Средоземното Море.

Во изминатата деценија, засилената политичка и економска моќ на Турција и озвоможуваат да води регионална политика независна од САД, без се уште тоа да биде предизвикувачко за Русија. Турција продолжуваше да зависи од увоз на руски природен гас и тоа уште повеќе ја тераше да се воздржува од влијателна улога на Кавказ и на Црното море, каде руското регионално влијание во изминатата деценија се активизираше.

Но, во последниве недели, јасно се истакнува затегнатоста меѓу руски и турски официјални претставници. Во изминатата година, рускиот Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одржуваа тесни контакти и до максимум ги спречуваа разногласијата во јавноста. Но, тоа се промени на почетокот на април, кога турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу јавно ја критикуваше Русија. Тој ги осуди односите на Русија кон турските малцинства на Крим – кримските Татари и го оцени како „притисок“ затворањето на кримска татарска телевизија од страна на Москва.

Како одговор на тоа, портпаролот на Путин, Дмитри Песков, рече дека руската Влада обезбедила „исцрпна“ информација за турските претставници. Рускиот министер за надворешпи работи, Сергеј Лавров, од своја страна одговори како потсетување за Турција дека настојувањето на Анкара за Крим да се патува преку Украина е единствената пречка ситуацијата таму да се следи одблизу.

Војната на зборови меѓу Анкара и Москва се случува во момент кога високи турски претставници ги посетија европските држави кои се најсилно ангажирани во предводените од САД напори за засилување на соработката во одбраната на источната граница на НАТО. На 20 март, Ердоган ја посети Украина, а полскиот министер за надворешни работи, Гжегож Схетина, ја посети Анкара три дена подоцна.

Од крајот на март до почетокот на април, високи турски лидери ги посетија Словенија, Словачка, Романија, Молдова и Литванија. Пред таа серија посети, Турција до голема мера држеше дистанца во предводената од САД европска алијанса, претпочитајќи да остане во добри односи со рускиот сосед.

Промени во Црното Море

Позицијата на Турција продолжува да се менува како одоговор на промените на ситуацијата во областа на безбедноста на Црното Море. Учеството на Русија во кризата во Украина доведе до тоа земјата да демонстрира сила на северниот брег на Црното море откако го анектираше стратешкиот полуостров Крим. Русија по тоа ги засили своите позиции по море откако ја состојбата на поголемиот дел од својата црноморска флота со нова и модерна техника.

Овие чекори ги вознемирија турските стратези враќајќи ги споменте на дамнешните битки за контрола во регионот и историското руско навлегување во османлиските земји.

Од земјите кои неодамна ги посетија турските лидери, Литванија и Романија пројавија посебна подготвеност за работа со своите соседи, заедно со НАТО и САД за засилување на одбраната за создавање на нови координативни структури и за дополнителни ротации на војски. Некои во тој новосоздаден сојуз прават напори да ја вклучат и Турција. Ако нивните заложби бидат успешни, Турција ќе биде јужната потпора за групата држави кои се простираат од Балтикот на север до Средоземното Море, формирајќи стартешка заштита од Русија. САД се особено заинтересирани да ја вклучат Туриција во таа алијанса и уште повеќе да ја приближат до нејзините партнери во НАТО.

Промените во регионалното однесување на Турција се поврзани со промените во енергетската динамика. Турција увезува половина од својот природен гас од Русија. Во 2014 година, Турција плаќаше околу 418 долари за илјада кубни метри руски природен гас, што е доста поскапо отколку цената која ја плаќаат некои еврпопски држави. Таа висока цена беше во функција на зависноста на Турција од руска енергија.

Договарањето на значително намалување на цените на природниот гас е еден од највисоките приоритети на Турција. Истовремено, според договорт од 2010 година, државната руска компанија „Росатом“ треба да ја изгради првата турска атомска централа во јужниот град Акују. Но, проектот вреден 22 милјарди долари, кој ќе биде финансиран од Русија, забави заради финасиски и еколошки причипи, и сега би можел да биде завршен до 2022 година, наместо до 2019 година.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија