Днес: Бугарската фабрика уништена во експлозијата чувала експлозиви и од Грција

Од:

Во складиштата на фабриката за експлозиви во Горни Лом во северозападна Бугарија,која вчера беше целосно уништена во силната експлозија,се чувале експлозив и експлозивни материјали и од Грција,пишува софискиот весник „Днес“.

Весникот не наведува за какви експлозиви станува збор,ниту објаснува зашто странскиот експлозив се чувал во бугарската фабрика,освен што открива дека во нејзините складишта имало сместено десет тони силни експлозивни хемиски материјали.

Познато е дека фабриката во Горни Лом,место покрај границата со Србија,околу 120 километри северно од Софија, изработувала експлозиви и муниција за потребите на бугарската армија.

Втора силна експлозија е регистрирана пет часови подоцна, синоќа околу 22 часот,по што претставник на бугарското Министерство за внатрешни работи,чии експерти ја почнаа истрагата за инцидентот, изјави дека „не се пронајдени преживеани лица“.

Софискиот весник забележува дека беспилотни летала денеска ја надлетуваат целата локација на која се наоѓаше фабриката,како и дека бугарските власти планираат, на местото на експлозијата да испратат специјални екипи,во блиндирани возила,но не соопштува која би била нивната функција.

Ова не е првпат во Бугарија да се случуваат експлозии во некоја од тамошните фабрики.Силни експлозии беа регистрирани во 2007 и о 2010 година,во која имаше десетици повредени лица. Вчерашната експлозија во Горни Лом се верува дека е најголема досега и со најголем број човечки жртви.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори