Дирекцијата за религиозни прашања во Турција го засилува своето влијание во странство

Од:

Ал Монитор – Вашингтон

Турската Дирекција за религиозни прашња е позната по својот огромен буџет и голема мрежа на џамии, муфтии и имами, преку кои управува со релиозните прашања и во најодалечените села. Радувајќи се на раскошните привилегии од страна на владејачката Партија на праведата и развојот (ППР), дикрекцијата, која е поврзана со премиерската нституција и врши религиозна служба базирана на сунитскиот Ислам, се претвори во главен инструмент за формирањето на „религиозни поколенија“, според визијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. И не само тоа. Во друга функција која не привлекува големо внимание, дирекцијата се покажа како ефикасно средство на владата во спроведувањето на надворешно политичката програма на Анкара.

Со години, Агенцијата за религиозни прашања ги пренесува пораките на Анкара кон верниците муслимани во целата земја, преку стандардизирани проповеди, со кои ги снабдува имамите и 85-те илјади џамии во Турција, од кои без исклучок проповедаат сунитско-ханефитските определби и го сочинуваат поголемиот дел од персоналот во агенцијата која брои околу 122 илјади души.

Но во последниве години дирекцијата се разви како орган кој ги пренесува пораките на Анкара дури и подалеку – надвор од границите на земјата. Бегол поглед кон нивната веб страна е доволен за да се забележи колку активна станала дирекцијата на меѓународен план.

Редица дејности на агенцијата во странство вклучуваат 80 посети на официјални делегации од исламски држави или земји со муслиманско население, како и слични инцијативи во 79 држави за да се обезбедат џамии, училишта и други услуги во областа на образованието. Од балканские држави биле доведени 3791 ученици, од турските републики и Африка, за да ги посетат средните религиски училишта – тнр. „имам хатипи“ и курсови по Коран или универзитетски програми.

Набљудувачите на дејностите на агенцијата велат дека таа значајно си го зголеми влијанието над исламските институции во не-арапските муслимански држави, посебно на Балканот. Мехмет Ѓормез, кој е раководтел на агенцијата од ноември 2010 година, има обемна програма исполнета со меѓународни контакти, и е често присутен во медиумите. Од почетокот на 2015 година, тој прими делегации од Велика Британија, Мали, Судан и Тајланд, како и други официјални гости – првенствено религиозни личности – од Казахстан, Брегот на слоновата коска, Литва, Босна и Херцеговина, Полска, руската република Татарстан, Камбоџа, Азербејџан и Танзанија, и учествувал на две меѓународни средби од религиозен карактер.

Според информација од Нил Мутлуер за „структурните, социјалните и политичко-економските аспекти“ на дирекцијата кои беа објавени во декември минатата година од невладината организација Хелсиншки граѓански парламент, Ѓормез се разликува од другите негови претходници со засилен интерес кон актуелни теми и неговиот избор да зазема став по политички прашања.

Во тој контекст, вреди да се спомне како Ѓормез реагираше на протестните настани во Париз по убиставата во редакцијата на Шарли Ебдо. „Дванаесет милиони луѓе настрадале, биле убиени или истребени во муслиманскиот свет во текот на последната деценија, а 12 луѓе беа жестоко убиени во Париз минатата недела, во убиство кое ниту еден верник или нормален човек не може да го прифати. Но сепак, ние само набљудуваме како истото човештво кое молчеше при убиството на 12 милиони души, се дигна заради убиствата на само 12 души“.

Ѓормез искажа и воздржаност за трансформирањето на храмот Света Софија во музеј од младотурската револуција од 1935 година, откако муслиманите ја претвориле од црква во џамија по заземањеето на Константинопол во 1453 година. „Света Софија е муслимански храм од големо симболично значење и важност за овој народ, за оваа цивилизација, за оваа историја и всушност за целиот свет. Тоа не е музеј, ниту црква“, рече Ѓормез во телевизиско интервју во септемрви 2013 година.

Според Ишар Ѓузајдин, познат експерт по право и политикологија, дирекцијата е наследник на традицијата која процветува во овие земји уште од византиско време. Во интервју од 19 февруари за Ал Монитор, Ѓузајдин ја даде следнава историска преспектива: „Во византиско доба, светските владетели имале контрола над религијата. Тоа продолжило и во Османлиската империја. Султанот назначувал и менувал чеик-јол на Исламот. Односите помеѓу државата и религијата никогаш не се промениле во тие земји“. Според зборовите на Ѓузајдин, „основачите на републиката ја прифќале религијата како нивен сопреник за модернизацијата, но притоа не сосема ја игнорирале и ја познавале нејзината важност“. Затоа се обидувале да ја вградат во системот на власта, истовремено за да ја контролираат и да го спречат нејзиното засилување во иднина“, продолжи директорот.

Ѓузајдин подвлекува дека исто како и основачите на републиката, така и владата на ППР си замислува определен вид на општество. Без сомнеие, глобалните кемалисти и исламистите имаат разична визија за општеството, ни ги користат скоро истите средства. „Основачите на републиката создадоа впечаток за религијата прилагоден на општество кое тие сакаа да го создадат. На сличен начин, дирекцијата денес е искористена како средство за формирање на општество и семејство, кое сегашната влада го замислува. Тоа е идеолошко средство на владата“, рече Ѓузајден

Во денешна Турција на ППР, каде владината надворешна политика се претвори во продолжение на внатрешната политика, природен развој е продолжување на внатрешното влијание на дирекцијата врз областа на надворешата политика.

„Применувајќи влијание во области со кои претходно владееле османлијците, тоа денес е институција од меѓународно значење. Затоа таа го применува културниот империјализам на Нова Турција“, објаснува Ѓормез.

Натоварена со толку значајни задачи во Турција и низ светот, дирекцијата доби исто толкаво значајно со зголемување на својот буџет и персонал под владата на ППР. Статистички податоци кои се ставени на нивната веб срана покажуват дека буџетот и се згоемил од 4,26 милијарди лири во 2012, на 4,6 милијарди лири во 2013 година.

Според Нит Мутлуер од Хелсиншкиот граѓански парламент, буџетот на дирекцијата реално се покачил за 176 проценти во периодот 2002 и 2012 година, за време на владеењето на ППР. Тоа е најголемото зголемување на буџетот кое дирекцијата го добила откако Турција е република, надминувајќи го дури и зголемувањето на буџетот во области како образоваие и здравство. Во 2003, дирекцијата имала 74 илјади службеници во споредба со 84 илјади во 2010 година. Бројките уште повеќе се надуваа по промената на политиката во 2010 година, достигнувајќи ги фантастичните 122 илјади души во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски