Димитар Главчев избран за претседател на бугарското Собрание

Од:

Со 157 гласа „за“ и 81 „воздржани“, Димитар Главчев денеска е избран за претседател на 44-от состав на бугарското Народно собрание.

Тој беше единствен кандидат номиниран за таа функција од страна на најголемата парламентарна партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ).

– Верувам дека клучниот збор во работата на ова Народно собрание ќе биде „обединување“. Важно е да изнаоѓаме решенија за приоритетните сфери, како што се здравството, образованието, социјални дејности и безбедноста, изјави Главчев во својот прв говор како претседател на Парламентот.

Следуваше и изборот на заменици претседатели на Собранието, за кои функции се избрани Цвета Карајанчева од ГЕРБ, Валери Жабљанов од коалицијата „БСП за Бугарија”, предводена од Бугарската социјалистичка партија, Јавор Нотев од блокот Обединети патриоти, Ниѓар Џафер од Движењето за права и слободи (ДПС) и Веселин Марешки од Волја.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори