Деветмина уапсени при протести во Софија

Од:

Бугарската полиција уапси деветмина учесници на синоќешните антивладини протести пред зградата на Владата на Бугарија во Софија.

Како што јави БТА, на синоќешните протсети, што се организраа петти ден по ред, учествувале речиси 7.000 лица.

Според полицијата, повеќето од приведените се лишени од слобода затоа што кај нив е пронајдено ладно оржује.

Покрај во Софија, антивладини протеси синоќа се одржани и во Пловдив и Варна.

Повод за овие протести беше изборот на контроверзниот бизнисмен и пратеник од редовите на партијата на бугарските Турци, Движењето за права и слободи (ДПС), Делјан Пеевски за директор на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС).

Иако, Пеевски се повлече од функцијата уште во саботата, еден ден по неговиот избор, протестите со барање за оставка на Владата и за одржување ново избори продолжија.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори