Десет мигранти се удавија крај грчкиот остров Фармакониси, спасени други 13 лица

Од:

Пет деца, една жена и четворица мажи се удавија откако нивниот чамец потонал крај брегот на малиот грчки остров Фармакониси, соопшти денеска претставник на грчката крајбрежна стража, пренесоа британските медиуми.

Други 13 лица, 11 мажи и две жени, биле спасени, а според изјави на очевидци двајца се уште се водат како исчезнати, изјавија претставници на грчката крајбрежна стража. Тие додаваат дека оперцијата на спасување и потрага по мигрантите била помогната од хеликоптер, патролен брод и приватни пловни објекти.

– Шестметарскиот моторен чамец потонал под непознати околности, за британските медиуми изјави еден од претставниците. „Мигрантите биле во водата кога биле забележени од спасувачкиот чамец“.

Настанот се одиграл источно од островот Фармакониси, во близина на турскиот брег.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос