Денеска се одржува Загреб Прајд

Од:

Денеска во Загреб, по 12-ти пат се одржува Загреб Прајд, односно Парадата на гордоста. Активистите на ЛГБТ популацијата и оние кои ја поддржуваат, повторно ќе побараат рамноправност меѓу граѓаните.

Поворката започнува во 14 часот од Плоштадот на жртвите на фашизмот и се одвива под мотото „Ова е земја за сите нас“.

„Денеска ќе маршираме за рамноправност на сите луѓе, за оние лица кои сакаат да склопат брак, независно од полот, за оние граѓани кои пишуваат на кирилица, за оние кои пишуваат на латиница.

– Во оваа парада на гордоста, не ги делиме хрватските граѓани на оние од прв и од втор ред. Затоа очекуваме голем одзив од сите.

– Многу ми е мило што во Сплит, во парадата на гордоста дојде и градоначалникот.

– Ова е земја за сите нас и тоа ќе биде пораката од Загреб кон Хрватска, Европа и регионот, изјави Марко Јурчиќ, координатор на Загреб Прајд.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик