Поранешниот полицаец Дејан Пантиќ во домашен притвор, неговата сопруга се заблагодари на претседателот и на целата земја

Од:

Полицаецот Дејан Пантиќ, кој беше уапсен на 10 декември на административниот премин Јариње и се уште е во притвор, ќе биде пуштен.

Според информациите, Пантиќ најпрво ќе биде испратен во болница, каде ќе се следи неговата општа состојба, со оглед на фактот дека тој помина речиси три недели во базата на косовската полиција во Јариње.

Ослободувањето на Дејан Пантиќ е првото барање на Србите од северот на Косово, кои во знак на протест подигнаа барикади на неколку места, каде што останаа и до денес.

Барањето за ослободување на Пантиќ јавно се огласи и од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој цело време е во контакт со сопругата на Пантиќ, Сузана Пантиќ.

Оваа вест доаѓа откако претседателот Вучиќ во текот на ноќта разговараше со американски и европски претставници.

Неговиот син Предраг за медиумите изјави дека се уште е воодушевен и не верува што се случува и дека нема точни информации кога татко му ќе се врати дома. „Разговаравме и со претседателот Вучиќ, адвокатот ни рече дека ќе биде пуштен во домашен притвор, но се уште немаме 100 отсто официјални информации“, изјави тој за медиумите.

Како што додаде тој, ситуацијата на Косово е сè уште многу комплицирана и поради барикадите на север не знаат кога Дејан ќе се врати дома, но она што е важно е дека се чини дека правдата победила.

Покрај синот Дејан Пантиќ проговори и неговата сопруга.

„Благодарам на претседателот и на целата држава. Тие знаеја дека е невин“, рече таа и додаде дека за ослободувањето на нејзиниот сопруг дознала од Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски