Давутоглу во викна Самарас на чај, официјална Атина одби

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу вчера го посети турскиот дел на Кипар и рече дека грчкиот премиер, Андонис Самарас, треба да му се придружи токму таму на мировни преговори, но Атина го отфрли неговиот коментар.

– Ако премиерот е подготвен, да одиме заедно на југ, да пиеме чај и разговараме за разни прашања. Потоа да одиме заедно на север. Ајде заедно тука да воспоставиме мир, рече Давутоглу на прес-конференција.

Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека ги поддржува мировните разговори кои ги нагледуваат Обединетите нации, јави дописникот на МИА од Атина.

– Останува на Турција да придонесе за постигнување решение со преземање значајни иницијативи кои се однесуваат на суштината на проблемот: постоењето на окупациските сили; непочитување на одлуките на Европскиот суд за човекови права и контрапродуктивно став на турската страна на Кипар, се уште ги има во разговорите меѓу заедниците, изјави портпролот на грчкото МНР Константинос Кутрас.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он