Давутоглу: Турција не очекува напад врз Сирија во наредните денови

Од:

Турција не очекува евентуална воена интервенција врз Сирија во следните денови и покрај изјавите на претставници на западните држави, изјави шефот на турската дипломатија Ахмед Давутоглу.


– Ние инсистираме пред се Советот за безбедност на Обединетите нации да се обедини околу една заеднички став за тој проблем и тогаш да се пристапи кон конкретни акции, посочи Давутоглу.


Дипломатски извори во Анкара наведуваат дека ќе се почека ставот на СБ на ОН и ако сите иницијативи не дадат резултат, тогаш ќе бидат потребни најмалку две недели за формирање на евентуална воена коалиција против Сирија.


Турските експерти ја исклучуваат можноста за копнена офанзива во Сирија. Тие тврдат дека ќе бидат преземени воздушни напади врз сириските стратешки објекти во реонот на Средоземно Море. Во тој случај ќе треба да се користи американската воена база Инџирлик, но турските власти се уште не се изјасниле за тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски