Давутоглу: Се надевам на добар исход за Турција, ЕУ и имигрантите

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека гледа одредени потешкотии рамките на ЕУ  во врска со исполнувањето на условите на договорот за мигрантите, но додаде дека се надева на позитивни резултати од денешниот разговор во Брисел.

Тој додаде дека сите треба да знаат дека нема да се прифати каков било договор кој Турција би ја претворил во „отворен затвор“ за мигранти.

– Гледаме дека има некои потешкотии во рамките на ЕУ за исполнувањето на условите на турскиот предлог, нагласи Давутоглу пред новинарите во Анкара, пренесува Танјуг.

– За тоа телефонски разговаравме со германската канцеларка Ангела Меркел минатата седмица, како и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск кога беше во Анкара, изјави Давутоглу синоќа, пред поаѓањето за Брисел.

– Се надеваме на добар исход за Турција, мигрантите и ЕУ, нагласи турскиот премиер.

Лидерите на ЕУ се состанаа вчера во Брисел со цел да разговараат за договорот со Турција со кој ќе се ограничи приливот на мигранти и бегалци во Европа во замена за отстапките кон Анкара, додека денеска, на вториот ден на самитот ќе им се придружи и турскиот премиер Давутоглу.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски