Давутоглу: Нападот од 12 јануари во Истанбул ја подвлекува неопходноста од поактивна борба против ИД

Од:

Терористичкиот напад, што беше извршен на 12 јануари во Истанбул, а во кој беа убиени десет лица, ја подвлекува неопходноста од поактивна борба против групата Исламска држава (ИД), напиша турскиот премиер Ахмет Давутоглу во авторскиот текст објавен во американскиот весник  „Волстрит џорнал“, информира ТАСС.

Според Давутоглу, „последниот напад на терористите ја покажува неопходноста од координинација на соодветните активности во однос на сириската криза“, а, исто така, го покажува и зголемување на влијанието на терористите низ светот. 

-Фактот дека ДАЕШ (арапскиот акроним за ИД) или таканерчената Исламска држава се охрабрува да извршува атентати толку блиску до местото каде се изведуваат богослужби, сведочи за тоа дека групата нема ништо заедничко со религијата, додава Давутоглу.

„Иако жалам за жртвите од атентатот што беше извршен минатата недела, мора да се засили нашата заедничка одлучност во борбата против ширењето на тероризмот. Турција, од своја страна, продолжува да прави се што е потребно за да ја одржи оваа закана надвор од нејзините граници и да и се спротивстави заедно со нејзините коалициски партнери“, напиша Давутоглу.

Во атентатот на историскиот плоштад Султан Ахмет во Истанбул, на 12 јануари, беа убиени 10 германски туристи и беа ранети 17 лица, од кои повеќето беа странци. Извршителот на нападот, осомничен борец на ИД, е сириски државјанин од саудиско потекло. Тој во Турција пристигнал претставувајќи се за бегалец.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски