„Дан“ објави документ за гласањето на референдумот во Црна Гора во мај 2006.

Од:

Подгоричкиот весник „Дан“ објави денеска документација од која јасно се гледа дека во Генералштабот на Војската и Агенцијата за национална безбедност се воделе списоци за политичката ориентација на офицерите на гарнизонот од Пљевља.

Весникот наведува дека во Генералштабот, во допис до Милан Рочен нагласиле дека политичката определба на војниците и офицерите е анализирана благодарение на „оперативната работа на теренот и сознанијата за податоците со кои располага Агенција за национална безбедност“.

Документацијата содржи имиња и презимиња на над 50 старешини од гарнизонот, за тоа како и кој гласа на референдумот за независност на Црна Гора на 21 мај 2006 година, како и за списокот на вработени во логистичкиот центар во Пљевља.

Дописот на Милан Рочен му бил испратен директно од Генералштабот во кабинетот на претседателот на Владата на Црна Гора.

– На началникот на Генералштабот му е доставен список на припадници на војската на Црна Гора во служба во гарнизонот Пљевља, во кој се наведени податоци за начинот на изјаснување на професионалните припадници на војската (воени и цивилни лица) на референдумот за државно-правниот статус на Република Црна Гора, се наведува во допискот до Рочен.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора