Рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов денеска беше убиен од полицаец.
ТРТ објави дека убиецот е Мевлит Мерт Алтинташ и бил припадник на специјалната полиција.
Алтинташ своето полициско образование го добил во Полициската академија во Измир, училиште кое го поврзуваат со озлогласениот Фетулах Ѓулен.
Голем број еминентни медиуми од Турција, атентаторот го поврзуваат со терористичката групација ФЕТО.
„Атентатоеот е полицаец, колку што јас знам поврзан со организацијата ФЕТО“, изјави градоначалникот на Анкара, Ѓокчек.
Се проверуваат активностите на Алтинташ во последните 2 години, неговите електронски пораки, телефонски повици, социјални мрежи за поврзаност со Ѓулен.