Дачиќ за барањето за признавање на МПЦ: Очекуваме Вселенскиот патријарх да биде против

Од:

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, по повод барањето на македонскиот претседател, Стево Пендаровски до Вселенскиот патријарх Вартоломеј да ја признае Македонската православна црква (МПЦ), изјави дека постои начин да се разговара за тоа и оти „попречните патишта“ не придонесуваат за добрите односи меѓу двете земји.

Дачиќ потсети дека неколку пати зборувал за тоа дека е можно да се разговара за односите меѓу двете земји, но дека не е можно да се зборува на државно ниво за областа на религијата и црковните заедници кои имаат свои правила.

„Ние сакаме да биде постигнат договор, но сигурно мора да ги почитуваме правилата на Православната црква, а исто така очекуваме и Вселенскиот патријарх да биде на таа страна, како што се изјасни против создавањето на т.н. Црногорска православна црква, изјави Дачиќ, одговарајќи на прашања на новинарите во Белград.

Провладините „Вечерни новости“ со наслов „Удар на СПЦ од Скопје: провокација наместо дијалог“, пишува дека барањето упатено до седиштето на Вселенската патријаршија во Истанбул „е нова иницијатива на Скопје надвор од древните правила во православието за постигнување независност на својата црква, која од нејзиното основање во 50-тите години од минатиот век работи како расколничка организација“.

„Во оваа жива дипломатија меѓу Скопје и Фанар, оние кои се запознати со глобалните православни трендови ја препознаваат намерата на С. Македонија да го искористи конфликтот меѓу Цариградската и Московската патријаршија за украинското црковно прашање и во атмосфера на меѓуправославни тензии да постигне црковна независност. Сепак, Руската црква повеќепати го повтори својот принципиелен став дека прашањето за стекнување независност на црквите мора да се реши само според канони, што во овој случај значи – со учество на Српската православна црква. За СПЦ и целиот православен свет единствена канонска црква во Северна Македонија е автономната ПОА, предводена од архиепископот Јован (Вранишковски)“, пишуваат Новости.

Би можело да ве интересира

Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница

Дачиќ: Денеска е ден на срамот во Парламентарното собрание на Советот на Европа

Дачиќ ја оцени како „дрска“ изјавата на Османи дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребереница за геноцид

Предраг Петровиќ

Дачиќ: Ако Србија реши да војува, на Косово нема да му помогнат ниту милион „Џавелини“

Катерина Ѓуровски

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов