Дачиќ: Уште една држава го повлече признавањето на Косово

Од:

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ најави дека следната недела ќе го соопшти името на 15-та држава која ја повлекла одлуката за признавање на независноста на Косово.

Дачиќ за РТС вели дека во овој момент помалку од 100 држави ја признаваат независноста на Косово.

По повод најновите провокации на Косово, каде на остатоците од православната црква Свети Никола на Ново Брдо, на средновековната српска тврдина, истакнати се косовски знамиња, Дачиќ вели дека меѓународната заедница со Резолуцијата на ОН 1244, се обврзала дека ќе го сочува српското културно-историско наследство на Косово.

Дачиќ се осврна и на потегот на ексшефицата за дипломатија на ЕУ, Федерика Могерини, која на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ и земјите кандидати за членство во август во Хелсинки ги повикала претставниците на Приштина, наведувајќи дека е првпат во пракса повикана територија која е далеку од статус на кандидат за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ