Дачиќ: Проектот Голема Албанија не е модел за иднината

Од:

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека Србија заслужува да биде казнета поради пропусти во организација на фудбалскиот натпревар помеѓу Србија и Албанија, но дека Албанија заслужува најостра осуда поради јавно истакнување на проектот Голема Албанија.

Како реакција на изјавата на албанскиот премиер, Еди Рама дека „Албанија е модел за инспирација за иднината“, Дачиќ рече дека не му е познато дека проектот Голема Албанија е модел за иднина на регионот.

-Тоа можеби е само пуста желба на големоалбанските политичари, но за ЕУ, САД и државите во регионот е модел на минато и опасност за дестабилизација и нови судири на Балкан. Доколку Голема Албанија е модел за иднината на албанската влада, тогаш тешко на таа држава на која таквото минато и е главна цел за иднина-рече Дачиќ.

Тој додаде дека светот не смее да остане нем над оваа сериозна закана на стабилноста во регионот, бидејќи молкот може да биде сфатен како поддршка.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски