„Да кажеме дека сме Срби“ – Хрватите во страв по убиството во Атина

Од:

По страшната тепачка со смртни последици меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб, во грчката престолнина, репортерот на „Јутарњи лист“ излезе на местото на трагичниот настан и се запрашал што би рекол доколку некој од луѓето се собрал се интересирале од каде е. И, му текна да каже дека можеби е од Србија, пренесува српска Политика.

Навивачот на АЕК, 29-годишниот Михалис Кацурис, беше убиен во понеделникот вечерта во масовен судир меѓу најжестоките поддржувачи на клубот од Атина и Бед Блу Бојс, кои и покрај одлуката на УЕФА да нема гостински навивачи на натпреварот од 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите, дојдoa во Грција.

Во вторникот продолжија апсењата низ Атина и околината, беа приведени голем број навивачи од Хрватска, а се што се случи го принуди известувачот на хрватскиот Јутарњи лист да се спакува и да замине на местото на настанот за да има информации колку можно за страшниот настан за кој зборува регион, поради што е одложен натпреварот меѓу АЕК и Динамо.

„Ние сме мирни, но ситуацијата сега е многу неизвесна за сите Хрвати. Не кажувајте никому од каде сте. Ако некој не праша, што ќе кажеме? Можеби да бевме Срби. Така, јас и еден колега фоторепортер, делумно во шега, а делумно сериозно, разговаравме за шетање по стадионот украсен со жолти птици, симболот на АЕК, сметајќи на тоа дека некој може да не запре и да праша од каде сме и каде се движиме. За среќа, без проблем поминавме низ целата трагична фан зона“, објави од местото на настанот во својата статија новинарот на Јутарњи.

Како што тој понатаму опишува во својот текст, околу седиштето на грчката полиција има многу специјалци со кациги, има и два блиндирани автобуси кои се користат за носење и одведување хрватски навивачи. Се наведува дека се уапсени околу 100 навивачи на Динамо, а апсењата се уште траат.

Според известувањето на грчките медиуми, многу е можно меѓу уапсените да е и убиецот на 29-годишниот навивач на АЕК, бидејќи оставил ДНК на телото на жртвата, но тоа ќе се знае подоцна.

Исто така во вторникот, грчката влада разреши седум полициски началници поради бројни организациски пропусти и лоша безбедносна проценка на ситуацијата, имајќи предвид дека одделот за безбедност имал информации дека Бед Блу Бојс ќе ја премине границата во Грција и ќе се обиде да се судрат со навивачите на АЕК, што на крајот се случи, а последиците беа катастрофални.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина