Црногорските морнари без работа поради неработење на државата

Од:

Фактот дека Црна Гора се уште не ја ратификувала Конвенцијата за работата на морнарите (МЛЦ 2006), која ја издава Меѓународната организација на трудот (ИЛО), скапо ќе ги чини нашите морнари кои пловат на бродови во држави кои веќе го прифатиле тој меѓународен обврзувачки документ.

А. П. од Тивар од менаџментот на италијанската компанија Аугуста Офшор за која плови пет години, веќе е обавестен дека повеќе не може да плови на нивните бродови, се додека Црна Гора чии документи ги има А. П. не ја ратификува Конвенцијата МЛЦ 2006.

– Жалиме, но италијанското знаме повеќе не ја признава валидноста на овие документи, бидејќи тие не се во согласност со одредбите на Конвенцијата МЛЦ 2006 – се вели во меил кој А. П. го добил од менаџерите за работа на екипажот на капетанот Луиџи Порција.

А. П. вели дека требал да плови на 6 декември, но од 18 ноември примената на МЛЦ 2006 станала обавезна за сите држави кои ја ратификувале, па така и Италија.

Конвенцијата за работа на морнарите МЛЦ е донесена кон крајот на февруари 2006 година. Со ратификацијата, која Црна Гора наспроти инсистирањето на стручните здруженија на морнарите, која не е одработена ни до денес, се организира максимална контрола во морнарскиот сектор, со акцент на собирање и вработување на морнарите како и на заштита на здравјето, здравственото и социјалното осигурување и заштита на социјалната безбедност на морнарите.

– Во изминатите четири години ние направивме се што можевме. Предупредувавме, апелиравме, баравме, го молевме Министерството за сообраќај и морепловоство, да го одработи својот дел од обврските, бидејќи знаевме што ќе се случи со нашите морнари. За жал, до денес, освен само празни ветувања не постигнавме ништо. Сметките сега почнуваат да стигнуваат на наплата, а сето тоа преку грбот на морнарите кои не се воопшто виновни – рече капетан Јанко Милутин од Здружението на морнарите, капетан на трговската морнарица на Црна Гора од Котор.

Тој истакна дека морнарите веќе некое време поради нератификување на МЛЦ, имаат проблеми со администрацијата во Бразил, што посебно лошо се одразува на тие кои работат за офшор компании кои ја опслужуваат силната нафтена индустрија во водите на Атлантикот кај Бразил. На прашањето што сега, Милутин рече дека не може да направи ништо, освен да штрајкува, протестира и да носи транспаренти пред Министерството, а може и да ја тужи државата која на овој начин, му го зема лебот од рацете.

Како сега да го вратам кредитот и да го прехранам пет членото семејство?

А. П. од Тивар кој има четири деца на возсрат од 3 месеци до 15 години и невработена сопруга, вели дека воопшто не е виновен што останал без работа и добил проблеми со банките на кои сега не може да го враќа станбениот кредит.

– Прашав една од службеничките во Министерството, дали таа сега ќе ги храни моите деца. Ми одговори дека тоа неа воопшто не ја интересира, дека таа го одработила својот дел од работата, дека тоа уште летото било ставено во Владина процедура, дека таа не знае ниту ја интересира кога Владата и парламентот ќе се изјаснува по ратификацијата на Конвенцијата МЛЦ 2006 – вели А. П.

Вијести – Подгорица

 

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора