Црногорскиот воздушен простор ќе го чуваат хрватската воена авијација и НАТО

Од:

Началникот на Генералштабот на Армијата на Црна Гора, Драган Самарџиќ денеска соопшти дека воздушниот простор над неговата земја ќе го чува хрватското Воено воздухопловство со поддршката на НАТО.

Тоа ќе се реализира согласно проектот за заедничка заштита на небото барешено „Мудра одбрана“, кон кој, како што пренесе ИТАР-ТАСС, ќе се приклучат и Босна и Херцеговина и Македонија.

Самарџиќ прецизираше дека во рамки на проектот за заедничка одбрана во регионот во пристаништето во Бар ќе биде поставен радар, а во воздушниот простор на земјата ќе патролираат хрватски авиони. Тој уште додаде дека Владата во Подгорица веќе донела одлука за вклучување во проектот.

Оваа вест предизвика противречни реакции меѓу црногорските воени експерти.

Според претседателот на Сојузот на борците, професор Радан Николиќ, овој чекор е само демонстрација на желбата на владата на Црна Гора што поскоро да се вклучи во НАТО, но дека нема практичка смисла.

Тој посочи дека црногорското Воено воздухопловство има четири борбени авиони „Супер Галеб Г4“, што можат сами да патролираат.

– Никој не знае колку ќе ја чини земјата користењето на хрватските авиони место сопствените, забележа Николиќ.

Тој потсети дека слична ситуација имаше и пред неколку години во Словенија, чиј воздушен простор го чуваа италијански авиони.

– Тоа Словенија ја чинеше од 20 до 40 милиони евра годишно. Каква е смислата од членство во НАТО, ако политички тоа се претвора во загуба на контролата не само врз сопствените вооружени сили, туку и врз сопствената територија и ги чини доста скапо даночните обврзници, рече Николиќ.

Засега не е познато каква е улогата на НАТО во плановите за заедничка одбрана.

Според црногорските медиуми, на земјите од регионот што ќе се вклучат во проектот, Алијансата ќе им обезбедува финансиска поддршка.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора