Црногорскиот парламент: Од Дом на лордови до балканска биртија

Од:

Радио слободна Европа – Прага

Во само неколку месеци црногорскиот парламент и во регионот препознат како храм на беседништво и истенчен дијалог на политичките противници, падна на ниво на ријалити шоу во кое летаат навреди, пцовки и за малку што не избиле тепачки. Дали причината е зголемената тензија поради парламентарните избори кои се наближуваат или лошата слика од Парламентарниот дом на народот, која се отсликува на состојбата на општеството во кое се нарушени традиционалните вредности?

Бучава, пцовки, навреди, подготвеност и на физичка пресметка, се слики кои од црногорското собрание во понеделникот повторно го обиколија регионот, по само месец ипол од претходниот инцидент во кој актерите беа исти, пратениците на двата најголеми клуба во парламентот, владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) и опозицискиот Демократски фронт (ДФ), кои веднаш вината ја фрлија едени на други. Можеби треба да се размислува во иднина собраниските преноси да се емитуваат по 23 часот навечер, иронично коментира Борис Раониќ од Граѓанска алијанса.

„Во оваа состојба на простачки дијалог потребни се две страни. Бидејќи доколку една страна почне да разговара на примитивен начин со другата страна, таа која е култура тој вид на дијалог ќе го избегне и игнорира. За вакви инциденти потребни се две страни. Јас тука не гледам никаква разлика. Дури, мислам дека тие од тоа гледаат некаква политичка корист‟.

Дали токму тоа, трката за политички профит, пред есенските парламентарни избори е главна причина за се пожестоката атмосфера во највисокиот законодавен дом, во кој се почесто меѓу пратениците мора да се замешаат и органите на редот и собраниското обезбедување, или причината треба да се бара во девастираниот општествен амбиент кој е се помалку се држи до правните вредности.

Длабоки навреди тоа се клучните зборови на младиот црногорски писател и колумнист Ѓура Радосавовиќ, на кого неминовно се наметнува паралела како во парламентот порано се однесувале и најлутите политички ривали.

„Ако ги земеме предвид брилијантните говори на Славко Перовиќ, ерудицијата на Миро Вицковиќ, дури и еден Аќим Вишњиќ кој бил на целосно спротивна идеолошка страна, тоа сепак биле луѓе со став, луѓе од зборови, кои имале реторички способности и владееле со зборовите. Ако го погледнете денешниот парламент, јас имам еден трансфер на блам‟.

Споредбата на некогаш и сега не може да ја избегне ни Борис Раониќ кој и не очекува дека меѓу пратениците ќе се смират политичките страсти се до есенските избори.

„Црногорскиот парламент и во 90-тите многу повеќе личеше на британски Дом на лордови отколку на балканска биртија, на што потсетува денес, а не на некаков сериозен парламент. И тоа што загрижува е дека ние не зборуваме за изолирани инциденти туку тоа се многу сериозни инциденти кои се повторуваат на секои неколку месеци. И ќе се повторува се додека граѓаните на избори за три месеци не кажат што мислат за сето ова‟.

Да потсетиме, настаните во државниот парламент од понеделникот се втор инцидент за само месец ипол, откако во рамките на т.н. премиерски час дојде до жестоки вербални размени на оган, зачинети со навреди, меѓу премиерот Мило Ѓукановиќ и пратениците на неговата партија од една страна и Демократскиот фронт од друга страна. Обвинителството тогаш оцени дека никој од народните претставници не направи кривично дело ни прекршочно дело, а една санкција за инцидентот беше јавна опомена на пратениците на ДФ поради потешки повреди на Деловникот.

Ѓуро Радосавовиќ оценува дека во парламентот не без причина се копира стилот на ријалити шоу. „Мислам дека тие дури намерно тоа го пренесоа на парламентот бидејќи се свесни за гледаноста, свесни се колку е тоа еден популистички момент. Дури мислам дека тоа идеално одговара и на власта и на опозицијата. Така што, за жал и нашиот парламент се претвори во еден скап attention freaks и луѓе кои се без харизма и без знаење, луѓе кои изгледа се би направиле за тој еден момент на слава‟.

Радосавовиќ заклучува дека немањето на одговорност за јавниот збор и толку лесно изречените навреди, стана секојдневие, за жал не само во медиумите, туку и таму каде тоа никако не би смеело да се случува во „храмот на демократијата‟ каков што треба да биде парламентот.

„Една Hannah Arendt целиот живот го посветила да го дефинира злото, а ние толку лесно си играме со термините‟.

А како граѓаните ги коментираат најновите настани во Собранието на Црна Гора која наместо пратенички дебати и реплики, се почесто се сведуваат на пцовки и уличен вокабулар, а завршуваат со повик на пресметка со тупаници. 

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора