Црногорскиот Парламент ги усвои законите за медиуми и за РТЦГ

Од:

Црногорскиот Парламент вчеравечер, со гласови на пратениците на владеачката Демократска партија на социјалистите, ги усвои законите за медиуми и за националниот јавен радиодифузер Радио и телевизија на Црна Гора (РТЦГ).

Усвојувањето на двата закона беше поддржано од 41 пратеник на владеачката коалиција.

Опозицијата не присуствуваше на гласањето, оценувајќи дека е недозволиво законите за медиуми да се менуваат еден месец пред избори, пренесува РТЦГ.

Со Законот за медиуми е предвидено новинарот, на барање на државниот обвинител, да мора да го открие изворот на информации кога тоа е потребно за да се заштити националната безбедност, територијалниот интегритет и здравјето на луѓето.

Со Законот за националниот јавен радиодифузер – РТЦГ, како што е објаснето, дополнително се зајакнува механизмот на политичко-институционална независност на јавната радиодифузија, во согласност со меѓународните стандарди.

Врз основа на амандаман на црногорската Влада, од предлог законот се исфрлени институтот Договор за обезбедување јавни услуги и за формирање Управен финансиски одбор на РТЦГ.

Предвидено е пратениците и советниците да не можат да се избираат за членови на Советот на РТЦГ три години по престанокот на функцијата.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора