Црногорскиот опозициски лидер обвинет за перење пари, тој одговори дека обвинението е нормално и очекувано

Од:

Поради сомнеж за криминално здружување и перење пари, специјалното обвинителство на Црна Гора покрена обвинение против опозицискиот лидер Небојша Медојевиќ.

Покрај Медојевиќ, обвинети се уште осум лица.

– Ова е нормално и очекувано. Не се напаѓаат слабите, туку силните. Ние ќе го победиме сето ова бидејќи ние ја застапуваме вистината. Само сложно, само силно!, напиша Медојевиќ на својот профил на Твитер како одговор на обвиненијата.

Медојевиќ е лидер на Движењето за промени (ПзП) во Црна гора, а обвинителството објави дека по шестмесечната истрага имаат податоци и докази дека повеќе лица испрале стотици илјади евра во интерес на ПзП.

Како што објави обвинителството, Медојќевиќ во соработка со уште еден од осомничените смислиле криминален план за во легален тек да се исперат незаконски стекнати пари од градежните активности на фирмата „Градитељ“.

– Целта била тие средства да не се прикажат како приход пред надлежните органи и на тој начин да се избегне плаќањето на законските обврски, нведува изворот од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора