Црногорскиот министер за здравство поднесе оставка поради инфекција во болница

Од:

Црногорскиот министер за здравство Миодраг Радуновиќ поднесе оставка поради појавата на инфекција во одделот за гинекологија на Општата болница во Бијело Поље, од која почина едно новороденче.

Гостувајќи во синоќешниот дневник на Радио телевизија Црна Гора, Радуновиќ соопшти дека црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ ја прифатил неговата оставка.

Радуновиќ нагласи дека тој како министер е „најмалку важен“ во ситуација кога се зарзени пет новороденчиња, од кои едно почина, и дека сега е најважно да се воочат грешките и да се утврди одговорноста.

– Верувам дека е јасно оти не може да има дирекна одговорност за некој кој не бил информиран за случувањата во Општата болница во Бијело Поље. Но, исто така е јасно дека сум објективно одговорен затоа што сум на врвот на здравствениот ланец кој покажа слабост, нагласи Радуновиќ.

Петте бебиња биле инфицирани во текот на нивното раѓање во болницата во Бијело Поље. Четири од заболените бебиње во моментов се наоѓаат на лекување во Центарот за неонатологија при Институтот за болести на децата во Клиничкиот центар во Подгорица.

Состојбата на три од бебињата е стабилна, додека четвртото се уште е во животна опасност. Кај едно од бебињата е утврден менингитис, кај друго сепса, а резулктати од примероците на другите две бебиња се уште се очекуваат.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора